Академија ФМП го испрати Куманово во Втора лига

Академија ФМП стигна до огромна победа на домашен терен над Куманово (78-68), резултат со кој клубот од Кисела Вода направи џиновски чекор кон опстанокот. Наспроти тимот на Тони Симиќ, екипата на Куманово соочена со огромни финансиски проблеми не успеа да најде сили за подвиг, па со денешниот пораз практично и се пресели во Втората лига. Иако тоа не е математички сигурно, кумановци на пет кола до крајот од плејаутот имаат три победи помалку од ФМП и послаб меѓусебен скор, па речиси сигурно е дека поранешниот финалист во плејофот во следната сезона ќе оди во понизок ранг на натпреварување.

Академија ФМП почна одлично и уште во раната фаза поведе со 16-7, на крајот добивајќи ја првата четвртина со 21-12. Куманово се приближи на 23-17 на стартот од втората четвртина, но ФМП возврати на вистински начин стигнувајќи до првото двоцифрено водство од 29-19. Домашниот тим успеа да го исконтролира резултатот, на одмор замина со 42-31 и потоа ја сочува предноста до самиот крај и конечните .

Смит Мекауен и Бјелиќ постигнаа по 18 поени за победничкиот тим, 15 постигна Костоски, додека најрасположен во таборот ан Куманово беше Марјановиќ со 30 поени и 13 скокови.

Се вчитува...