Академија ФМП ја освои Гевгелија

Кошаркарите на Академија ФМП ја забележаа првата победа во новата сезона, триумфирајќи со резултат 69-76 на гостувањето против Кожув во Гевгелија. Охрабрени по триумфот над Куманово во БИБЛ, избраниците на Александар Петровиќ повторно одиграа на највисоко ниво, и тоа предводени од новиот Американецот Ајви, кој имаше одлично деби за тимот од скопската населба Кисела Вода.

Кожув беше подобар противник во првата четвртина што гевгеличани ја добија со 22-14, но како што одминуваше времето, така гостите од Скопје се повеќе ја преземаа контролата над резултатот. На одмор се замина со минимално водство на Кожув од 37-36, за ФМП потоа да ја преземе контролата над резултатот во второто полувреме. Гостите се одлепија и на двоцифрена предност, Кожув се приближи на „минус шест“, но Крстајиќ и Ајви ставија печат на заслужениот триумф на Академија ФМП.

Ајви со 28 поени го предводеше тимот на ФМП во овој голем триумф, Крстајиќ постигна 18 поени, додека Кире Николовски со дабл-дабл од 18 поени и 12 скокови повторно беше прв играч во таборот на Кожув.

Се вчитува...