Академија ФМП конечно до прва победа сезонава – падна Кожув!

Кошаркарите на Академија ФМП ја запишаа првата своја победата сезонава во Првата македонска кошаркарска лига триумфирајќи против гевгелиски Кожув со 93-83.

Во мечот во Скопје, домашните кошаркари од самиот почеток ја контролираа играта и резултатот наметнувајќи ритам за победа уште од првата четвртина која ја добија со 25-20.

На полувремето Академија ФМП замина со предност и од 13 поени (53-40), за да и во второто полувреме продолжи со подобрата игра од противникот за конечна победа од 93-83.

Најефикасни во победничката екипа беа Иванов со 20 поени и Најлд со 19 поени, кој имаше и седум скока и шест асистенции. Петровски заврши со 12 постигнати поени. Кај Кожув се издвои Криснан со 25 поени.

Академија ФМП сега на дното од табелата се израмни со Охрид со по една победа и седум порази по осум натпревари, а Кожув остана на две победи, сега и со шест порази.

Се вчитува...