Академија ФМП со двајца нови Американци во борбата за опстанок

Академија ФМП донесе уште две засилувања од САД кои сигурно ќе бидат од помош на тренерот Гацов во битката за опстанок.

Новиот прволигаш ги доведе во своите редови плејмејкерот Ноа Блантон и крилниот центар Александер Лонг, кои би требало да дебитираат веќе викендов, на дуелот против лидерот Работнички.

Академија ФМП по првите четири кола има исто толку порази, наоѓајќи се на дното на табелата заедно со екипата на МЗТ Скопје 2.

Се вчитува...