Фудбалерите на Академија Пандев ремизираа (2-2) против вицешампионот на Туркменистан, екипата на Ахал, на денешниот пријателски натпревар во Анталија.
Иако на полувреме „пандевци“ имаа негатива и од два гола, сепак во вториот дел со двата погодоци на Марио Крстовски стигнаа до нерешен резултат.
Ова беше претпоследен натпревар во Анталија за струмичкиот прволигаш. Веќе во среда следува и последната контролка против Торпедо Кутаиси од Грузија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА