Академија Пандев ги совлада јуниорите на ЦСКА Москва на првиот тест во Анталија

Македонскиот прволигаш Академија Пандев со триумф ги започна зимските подготовки во Анталија. Избраниците на Југослав Тренчовски славеше со 2-0 против екипата на ЦСКА Москва (У21) на првиот контролен меч во турскиот туристички центар. Стрелци на головите за струмичкиот тим беа Марио Крстовски и Сашко Пандев.

Тренерот Тренчовски им даде шанса за настап добија сите фудбалери. Во првото полувреме настапија: Чубраковиќ, Јованов, Димов, Костов, Маневски, Иванов, Дориев, Стојкоски, Стоилов, Миловановиќ (Велинов), Крстовски. Во вториот дел играа: Алчевски (Денковски), Илиев, Атанаскоски, Димов (Коцев), Костов (Николов), Темелков, Томовски, Пандев, Стојков, Велинов (Иванов Васко), Дориев (Ивановски).

Се вчитува...