Академија Пандев го претстави Филип Трајановски

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев официјално го претстави Филип Трајановски. 19-годишниот централен дефанзивец и член на младинската репрезентација на Македонија ја засилува одбраната на струмичкиот тим за пролетниот дел од сезоната.

Трајановски ги помина подготовките во Анталија, но се чекаше на целосна документација и потврда за настап. Веќе в недела тој ќе конкурира за настап во составот на Академија Пандев против Македонија Ѓорче Петров.

Се вчитува...