Македонскиот прволигаш Академија Пандев минимално загуби (0-1) на денешниот пријателски натпревар против Напредак Крушевац. По неколку неискористени шанси на струмичкиот тим, противникот казни со гол во 87 минута.
Тренерот Југослав Тренчовски им даде шанса на два тима. Во првиот дел настапија: Алчевски, Димов, Костов, Илиев, Атанаскоски, Стоилов, Томовски, Дориев, Стојков, Пандев, Стојкоски.
Во второ полувреме влегоа во игра: Чубраковиќ, Мишов, Маневски, Јованов, Иванов Кристијан, Ивановски, Велинов, Денковски, Трајановски, Николов, Темелков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА