„Пандевци“ на „крилјата“ на Мирчевски ја срушија Шкендија, Шкупи до триумф во Кавадарци, Брегалница убедлива со Македонија ЃП (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 10. КОЛО….

Тетово: РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР (2-0)

Селмани 62′(п), Шефити 72′

Штип: БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-1)

Ескиќ 16′, Алтипармаковски 27′, 79′, М. Стојанов 45′ (п) – Камара 71′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (2-1)

Мирчевски 77′, 86′  – Дориев 17′

Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ (0-1)

Руатубјае 30′

Струга: СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ (1-1)

Цаке 10′ – Љума 82′

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0-1

====================================================================================

  • Крај на натпреварот во Струмица. Академија Пандев водена од одличниот Мартин Мирчевски кој постигна два гола, со пресврт во второто полувреме дојде до победа над Шкендија од 2-1.
  • Крај на дуелот во Кавадарци. Еден гол на Шкупи во првиот дел доволен за победа од 0-1 против Тиквеш.
  • Убедлива победа на Брегалниц од 4-1 против Македонија ЃП која тотално доминираше на мечот против „лавовите“
  • Борец во финишот извлече бод на гостувањето против Струга ТЛ, а Ренова со два гола во второто полувреме славеше против Пелистер со 2-0!

АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (2-1)

2-1 – 86′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Во девет минути пресврт во Струмица. И втор гол на Мартин Мирчевски за водство од 2-1 на струмичани

СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ (1-1)

1-1 – 82′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Брз контранапад и Енсар Љума со убав лоб од 20 метри го израмнува резултатот


БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (4-1)

4-1 – 79′ – ГООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Георгиев одлично шутира од десната страна, брани гостинскиот голман но на одбиената топка натрчува Алтипармаковски и сместува во мрежата


АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 – 77′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Мартин Мирчевски го израмнува резултатот во Струмица

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР (2-0)

2-0 – 71′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Одлична асистенција на Селмани до Шефити, кој мајсторски шутира од 16 метри за 2-0

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-1)

3-1 – 71′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. По брза акција по левата страна, Абу Камара од непосредна близина постигнува гол за намалување на предноста на домашните

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 62′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Смешно играње со рака на Размоски на самата гол-линија па добива црвен картон, а Ренова добива пенал кој успешно го релизира Ремзифаик Селмани!

БЕЗ ПРОМЕНИ НА РЕЗУЛТАТИТЕ НА СИТЕ ПЕТ НАТПРЕВАРИ ПО ПРВИТЕ 15 МИНУТИ ИГРА ВО ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ!

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 10. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (3-0)

3-0 – 45’+1 – ГООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Мартин Стојанов прецизно стрела од белата точка!

ТИКВЕШ – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 30′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Погодок на Руатубјае за водство на чаирчани во Кавадарци

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (2-0)

2-0 – 27′ – ГООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Одлично нафрлување на Коцев од десната страна, а Алтипармаковски од неколку метри на вториот дирек со волеј-удар сместува во мрежата


АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 17′ – ГООООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одличен контранапад и перфектен лоб-удар на Дориев за водство на Шкендија!


БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

1-0 – 16′ – ГООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Одличен продор на Додев по левата страна, нафрла а на одбиената топка натрчува Ескиќ кој од дестина метри сместува за 1-0


СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ (1-0)

1-0 – 10′ – ГООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Клисман Цаке од левата страна продира, шутира откосо и со помош на гостински дефанзивец постигнува погодок за водство на стружани

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-0)

5′ – Прва шанса за Брегалница. Мартин Стојанов одлично изведе слободен удар од 25 метри, но топката сантиметри покрај десниот дирек од голот на гостите

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 10. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Познати и составите за дербито меѓу Академија Пандев и Шкендија во Струмица

  • Познати се составите за дуелот меѓу Брегалница и Македонија ЃП во Штип

=====================================================================================

На натпреварите од денешното 10. коло од ПМФЛ, дербито се игра во Струмица каде Академија Пандев ја пречекува Шкендија. Лидерот Шкупи гостува на Тиквеш во Кавадарци.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...