Академија Пандев – одговорност на дело: Донација за Здравствениот Дом во Струмица

И покрај тоа што најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев претходно донираше средства за помош на здравствените работници во земјава во борбата со коронавирусот, и неговиот клуб издвои парични средства како благодарност за целокупниот медицински персонал во Здравствениот Дом во Струмица.

„Освен донацијата на сопственикот Горан Пандев, ФК Академија Пандев издвои парчни средства од клупскиот буџет и ги донираше до ЈЗУ Здравствен Дом – Струмица. Со овој гест сакаме да им помогнеме и да се заблагодариме на лекарите и целиот медицински персонал за професионалноста и огромниот вложен труд“ – информираат од Академија Пандев.

„Во овие тешки денови кога се соочуваме со огромен здравствен проблем, светло на крајот од тунелот ни даваат токму тие хумани институции, академии, граѓани, фирми, здруженија итн. Тие се овде и ни подаваат рака, за полесно да излеземе сите од оваа криза. ЈЗУ Здравствен Дом – Струмица јавно упатува голема благодарност за хуманиот и добронасочениот гест од страна на ФК Академија Пандев, Ви благодариме за издвоените парични средства што ги дониравте во нашата болница со цел да се искористат за ресурси за заштита од КОВИД-19. Вашата хуманост не се заборава!“ – се заблагодарија и од Здравствениот Дом во Струмица.

Пандев, заедно со соиграчите од македонската репрезентација, претходно најавија донација и за Министерството за здравство за помош во битката со пандемијата.

Се вчитува...