Од 2002 Бразил чека на светска титула, а ќе почека уште најмалку четири години откако бразилската селекција беше елиминирана од Норвешка на овој Мундијал во 1/8 финалето.
Бразил не може да влезе во финале веќе 24 години, нема тим кој може да се бори за трофејот. Нивните соништа на ова Светско првенство беа срушени од Норвежаните.
Го ангажираа и искусниот Карло Анчелоти, сметајќи дека со него ќе дојдат до титулата после долго време, но доживеа дебакл, и наиде на жестоки критики од Бразил.
Тој претрпе најмногу критики од поранешните фудбалери, а еден од нив беше и Ромарио, кој дури го пцуеше Италијанецот.
„Би му рекол на Анчелоти да се гони во пи**у матер. Да го земе тој е**н билет и да се врати во Италија“, рече Ромарио.
Сепак, тој веднаш сфати дека претерал.
„Го повлекувам овој дел со пцуењето, беше многу сурово. Анчелоти е господин човек и не го заслужи тоа. Но, дефинитивно би му го раскинал договорот и би го испратил дома“, изјави Ромарио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
