Академија Пандев пред стартот на новата сезона и официјално го промовираше најголемото летно засилување, офанзивецот Аце Стојков.
Стојков, по завршувањето на соработката со Вардар, сега потпиша едногодишен договор со Академија Пандев.
„Со доаѓањето на Стојков значајно ќе се засили нападот и ќе се добие потребното искуство на најмладиот тим во ПМФЛ. Стојков во сезоната што следува ќе го носи бројот 77. Поранешниот репрезентативец, од богатата фудбалска кариера има настапувано за тимови како Интер, Специја, Партизан, Арау, Дебрецен…“ – информираа од ФК Академија Пандев по потпишувањето на договорот со Стојков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА