Академија Пандев потпиша четиригодишен договор со Михаилов

Струмичкиот прволигаш Академија Пандев потпиша нов четиригодишен договор со Филип Михаилов.

Михаилов потекнува од младинските школи на клубот, сега обврзувајќи се на верност со „пандевци“ до јуни 2022 година.

Претходно, како што е познато, Академија Пандев во своите редови ги врати и Ване Јованов, Ристе Темелков и Михаил Маневски по едногодишната позајмица во Брегалница од Штип. И тројцата, исто така, потекнуваат од младинската школа на клубот.

Засилување за тимот за новата сезона досега е и Стојан Стојчевски кој дојде од кратовски Силекс.

Се вчитува...