Академија Пандев поуспешна од Брегалница

Прволигашот Академија Пандев ја совлада Брегалница со 3-1 на пријателскиот натпревар во Струмица. По првиот дел, Брегалница имаше водство, со голот на Миленковски. Но, во второто полувреме Академија Пандев заигра многу подобро и го сврте резултатот во своја корист.

Стефан Костов успеа да израмни, а „пандевци“ стигнаа до победа со головите на Иван Николов и на Илија Донов.

Се вчитува...