Академија Пандев пред ангажман на голманот Чубраковиќ и Стефан Костов

Академија Пандев е пред ангажман на две нови засилување за следната натпреварувачка сезона. „Пандевци“ се во финални преговори со српскиот голман Душан Чубраковиќ како и македонскиот младински репрезентативец Стефан Костов.

22-годишниот Чубраковиќ е голман на Слобода Ужице, а претходно во својата кариера има настапи и за српските суперлигаш Чукарички и БАСК Белград.

Поранешниот фудбалер на Брегалница и Ренова, младинскиот репрезентативец Стефан Костов, пак, веќе тренира со Академија Пандев во очекување на финализација на меѓусебната соработка.

Прволигашот од Струмица во сабота (14. јули) ќе одигра пријателски натпревар со Брегалница Штип.

Се вчитува...