Академија Пандев славеше со 2-0 на пријателскиот натпревар против Трајал од Крушевац, член на Првата лига на Србија, кој се одигра во Пехчево.
Во интересен натпревар со шанси и на двете страни, сепак македонскиот тим успеа да искористи две за сосема заслужен триумф. Најпрво „пандевци“ дојдоа до водство од пенал, а потоа Филип Михаилов ја запечати победата од 2-0.
Во редовите на Трајал од Крушевац, кој летните подготовки ги реализира во Пехчево, настапува и поранешниот фудбалер на Работнички и на Вардар, Немања Милисављевиќ.
Академија Пандев од утре заминува на подготовки во Банско, а следниот тест дуел, пак, за Трајал е во петок против второлигашот Кит Го.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА