Академија Пандев со „петарда“ за Беласица Петрич

Академија Пандев со убедлива победа против бугарскиот третолигаш Беласица Петрич ги почна и пријателските натпревари за време на зимските подготовки.

„Пандевци“ денеска во Струмица лесно стигнаа до триумф од 5-0 против бугарскиот тим, благодарение на двата погодоци на Љупче Дориев и по еден на Велинов, Крстовски и Дoнов.

Во првото полувреме за Академија Пандев настапија: Чубраковиќ (Денковски), Маневски, Јованов, Стојчевски, Костов, Стоилов, Стојкоски, Велинов, Дориев, Миловановиќ, Пандев. Во второто полувреме играа уште: Денковски (Алчевски), Илиев, Атанаскоски, Иванов Кристијан, Димов, Томовски (Донов), Темелков (Коцев), Стојков (кап), Иванов Васко (Николов), Ивановски, Крстовски.

Следен противник на „пандевци“ во пријателските натпревари е бугарскиот второлигаш Струмска слава, по што се заминува на подготовките во Анталија.

Се вчитува...