Академија Пандев со прволигашко сефте во Струмица: Атак на првиот триумф!

По квалитетниот старт на гостувањето против Шкупи на Чаир, фудбалерите на Академија Пандев денеска од 17 часот на стадионот „Младост“ во Струмица, во рамките на второто коло од ПМФЛ, го очекуваат своето прволигашко сефте.

Против Скопје, тимот со кого минатата сезона ги „кршеа копјата“ за влез во елитата, сега „пандевци“ ќе атакуваат на својата прва прволигашка победа.

„Можевме да стигнеме до победата уште на првиот натпревар оваа сезона на гостувањето против Шкупи, но ете несреќно во финишот примивме погодок за реми. Сега сигурно на домашен терен, првиот прволигашки натпревар посакуваме да го зачиниме со триумф. Воопшто не сакаме да ја потцениме екипата на Скопје која претходната недела и во Кратово покажа дека се работи за цврста екипа која игра колективен фудбал. Но, ќе го дадеме максимумот од нас за триумф“ – вели офанзивецот Сашко Пандев.

Покрај овој натпревар денеска на програмата се уште три дуели, а утре се игра и натпреварот меѓу Шкупи и Шкендија.

ПМФЛ – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Скопје: ВАРДАР – ПОБЕДА

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ

Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ

УТРЕ

Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

ВЧЕРА

РЕНОВА – СИЛЕКС 0-3

Се вчитува...