Академија Пандев со „шестка“ ја поздрави Плачковица

Ако се суди според последниот тест, Академија Пандев е одлично подготвена за стартот на прволигашките возбудувања. Тимот на Југослав Тренчовски ја совлада Плачковица со убедливи 6-0 во пријателски натпревар.

Стоилов и Дориев донесоа водство од на полувремето, а во вториот дел мрежата на Плачковица ја тресеа и Рамоски двапати, и Пандев и Велиновски.

Академија Пандев во првото коло на домашен терен ќе го пречека составот на Македонија ЃП.

Се вчитува...