Академија Пандев триумфално против Ренова на гостувањето во Тетово (ВИДЕО)

Академија Пандев запиша повеќе од важна победа од 1-2 на гостувањето против Ренова во Тетово во првиот меч од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига. Сето тоа за дополнително доближување на врвот од табелата до водечкиот Шкупи.

„Пандевци“ имаа неколку убави можности за погодок за заслужена предност на полувремето, за да до водството дојдат со голот на Маронг во 42. минута по нафрлањето од слободен удар на најдобриот стрелец Мирчевски…

Во второто полувреме Ренова беше далеку подобра на теренот со очекувана офанзива во обидот да дојде до израмнување.

Во 66. минута „гипсарите“ имаа 100% шанса за израмнување. Дури во четири наврати во една иста акција од одлични позиции шутираа Рамадани, Шефити и Мустафов, но Марко Јовановски извонредно го спаси својот гол.

Па, во тој налет на Ренова на половината на „пандевци“, на крај струмичани повторно стрелаа за 0-2. Во 77. минута одлична акција на Велиновски кој се сам направи и го проигра пред голот на домашните Мирчевски на кого од 7-8 метри не му беше тешко да погоди во празната мрежа.

До крајот Ренова се обиде да дојде барем и до почесен гол, и успеа преку Селмани во 92. минута од средбата, но само за конечни 1-2.

Се вчитува...