Академија Пандев триумфира против Алтин Асир

Македонскиот прволигаш Академија Пандев на денешниот контролен натпревар го совлада шампионот на Туркменистан, тимот на Алтин Асир, со 2-1. Стрелци на головите за Академија Пандев беа Марио Крстовски и Давид Атанаскоски.

„Пандевци“ имаа повеќе од играта на овој меч, а не реализираа уште неколку убави шанси. По ова, фудбалерите на Југослав Тренчовски ќе добијат два дена одмор, а од вторник со тренинзи се продолжува во Струмица.

Се вчитува...