Академија Пандев загуби од АЕЛ Лимасол

Македонскиот прволигаш Академија Пандев доживеа пораз (1-2) од кипарскиот тим АЕЛ Лимасол на пријателскиот натпревар во Банско (Бугарија). Тимот на Југолсав Тренчовски прв поведе со голот на Дориев.

Во вториот дел, „пандевци“ имаа уште неколку убави шанси за зголемување на водството кои не успеаја да ги реализираат. Тоа АЕЛ Лимасол знаеше да го казни. Во 85. минута кипарскиот тим израмни, а во судиското продолжение стигна и до триумф.

Академија Пандев следниот пријателски натпревар ќе игра в сабота против тимот на Алтин Асир од Туркменистан.

Се вчитува...