Академијата на ФФМ го освои второто место на турнирот во Ереван

Академијата на ФФМ предводена од Неџат Шабани и Горан Георгиевски оствари четири победи во петте одиграни натпревари на УЕФА развојниот турнир во Ереван, Ерменија.

Нашиот репрезентативец Матеј Георгиев беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот на кој само Македонија беше претставувана од Академија, додека останатите учествуваа со младите национални тимови. Иран го освои првото место со пет победи, Македонија заврши на втората позиција со четири победи во пет натпревари.

Младите фудбалери до 14 години славеа победа против репрезентациите на Белорусија (2-0, Матео Софијановски и автогол на Белорусија), Ерменија (2-0, Иван Глигоров, Марко Софијановски), Казахстан (2-1, Марко Софијановски и автогол на Казахстан), и повторно Ерменија (2-0, Махмедриза Хамза, Михаил Талевски), а единствениот пораз го доживеаја од селекцијата на Иран со минимални 1-0.

Академијата на ФФМ на развојниот турнир на УЕФА во Ереван ја претставуваа следните фудбалери: Албан Шабани, Иван Глигоров, Огнен Здравковски, Бленд Зекири, Дејвид Митревски, Стефан Тасев, Васко Василев, Матеј Ангелов, Михаил Талевски, Виктор Боневски, Марко Ристов, Марио Ричков, Марио Мастев, Марио Коцевски, Матео Софијановски, Марко Софијановски, Идриз Османовиќ, Енис Буќи, Филип Поповски, Мирче Стоилов, Матеј Георгиев, Матеј Јордановски, Махмедриза Хамза, Кристијан Костовски, Андреј Бобевски, Марко Треневски, Донарт Ибраими;

Се вчитува...