Ако бараш „класа голман“ барај го во Париз!

Пари Сен Жермен oдигра нерешено 2-2 проив Ред Бул Лајпциг во 4. коло од Лигата на шампионите. Покрај двојниот стрелец Џорџино Вајналдум најдобар фудбалер на теренот кај „светците“ беше Џанлуиџи Донарума кој на крајот се покажа дека сепак не е семоќен.

Тој при негатива од 1-0 во 12. минута му одбрани пенал на Андре Силва со што ПСЖ стана единствениот тим во историјата на натпреварувањето на кого противникот не успеал да му реализира два пенали во низа. Претходно пенал против францускиот тим беше досуден лани на мечот против Барселона, кога Лионел Меси не реализираше против Кејлор Навас.

Сепак, дека и Донарума не е семоќен покажа тоа што во 93. минута Собошлаи успеа да го матира токму од белата точка.

 

 

Се вчитува...