Ако Џенова испадне, Парма го посакува Пандев во тимот

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, има понуда од Парма за следната сезона. Доколку Џенова испадне од елитата, Пандев би можел да ја промени средината и да го облече дресот на Парма која го посакува во тимот.

Џенова се вовлече во огромни проблеми со слабите резултати во завршницата од шампионатот и во пресрет на последното коло овој викенд се наоѓа во незавидна ситуација. Тимот на Пандев е на 18.позиција на табелата, во опасната зона, и в недела и гостува на Фиорентина, која исто така се уште не е сигурна за опстанокот. Надежта е дека ќе успее да остане непоразена, а Емполи ќе загуби на гостувањето кај Интер, кој се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Парма со освоен 41 бод, го обезбеди опстанокот во Серија А пред последното коло во шампионатот.

Се вчитува...