Поранешниот НБА кошаркар, Рик Хамилтон откри како Мајкл Џордан трејдувал соиграч бидејќи го навредил на тренинг. Мајкл Џордан кога беше дел од Вашингтон Визардс беше и генерален менаџер на тимот. Хамилтон кој во тоа време беше дел од тимот на Визардс, откри што се случило кога нивен соиграч го навредил Мајкл на тренинг.
„Ларон Профит и јас секогаш влегувавме во конфликт со Џордан. Тој знаеше да му збори се и се што на Мајкл, јас не сакав тоа да го правам. Еднаш на тренинг Профит погоди шут преку него и трчајќи назад во одбран му рече „не можеш да ме чуваш со тие стари колена“. Тоа ја прели чашата. Мајкл само му дофрли „леташ“ од тимот. Следниот ден Профит беше трејдуван“, изјави Хамилтон.
Ларон Профит по конфликтот со Џордан го напушти Вашингтон. Следните години играше во Италија и Кина, по што во Вашингтон се врати во 2004 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА