„Ако го оперираме Надал ќе му ја завршиме кариерата“

Шпанската тениската ѕвезда Рафаел Надал, освојувач на 20 гренд слам-трофеи, ја заврши сезоната како и Роџер Федерер и Доминик Тим, па нема да учествува на УС-опен, последниот годинешен гренд слам турнир.

Надал кој го прескокна Вимблдон, не играше ни на олимпискиот турнир во Токио, вчера објави крај на сезоната, а тоа најмногу поради проблемот со стапалото, со кое си има проблем уште од деството, а станува збор за синдромот „Милер-Вајс“.

Оваа провреда е сериозен проблем за Шпанецот, зашто не смее да оди на операција, а тоа за угледниот француски „Л’Екип“ го објави познатиот ортопед Жилберт Версие, кој посочува дека ако се реши тенисерот на операција ќе ја заврши кариерата.

„Овој Милер-Вајс синдром најчесто ги погодува луѓето кои имаат рамни стопала. Тоа е конгенитална аномалија. Пациентите што ќе направат операција после тоа не може да трчаат. Може нормално да одат, ама во случајот со Надал, тој повеќе не би можел да трча. Нема шанси да продолжи со професионален спорт, на врвно ниво. А, има луѓе кои не може ни нормално да одат“, вели Версие.

Се вчитува...