„Ако го освои УС Опен, Ѓоковиќ ќе стане најдобриот тенисер на сите времиња“

Полскиот тенисер Хурберт Хуркак верува дека Ѓоковиќ може да го освои УС Опен и да го комплетира календарот гранд-слам. Србинот ги освои Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон, па сега е на пат да биде првиот во тениската ера што ги освоил сите четири гранд-слама во една година.

Хуберт не штедеше комплименти за Новак, па изјави дека Ѓоковиќ многу лесно може да стане најдобриот тенисер на сите времиња.

„Не е невозможно. Тој веќе освои три големи титули. Мислам дека има голема шанса да го стори тоа. Доколку го освои УС Опен, тој ќе биде најдобриот тенисер на сите времиња. Неговото враќање во игра по загубени сетови е неверојатно. Мислам дека неговиот сервис потценет, никој не зборува за тоа колку добро сервира. Ретко прави грешки. Многу е тешко да се игра против него”, потенцираше Хуберт.

Инаку, Хуркак ќе учествува на Олимписките игри од 23 јули до 8 август и ќе ја претставува Полска, тој во моментов е 11-ти тенисер во светот.

Се вчитува...