Ако не го плати колку Санчез, Јунајтед може да го загуби Де Хеа

Манчестер Јуанјтед ризикува да го загуби Давид Де Хеа ако не му понуди договор со кој ќе го израмни според недалната палта со Алексис Санчез. Преговорите за продолжување на договорот меѓу шпанскиот голман кој е осум години во Јунајтед и клубот се во застој.

Позицијата на Де Хеа е дека тој има поголем придонес за екипата од Санчез, а зема двојно помалку од него. Затоа Јуанјтед ќе мора да му понуди драстично поголем договор од досегашниоит според кој Шпанецот е платен 240 илјади фунти седмично. Јунајтед ја активираше клаузулата за дополнителната година од догворот, но преговорите подолго време се развлкуваат. Де Хеа би сакал да остане во Манчестер, но само под неговите услови.

Пари Сен Жермен  и Јувентус се први во редот на заинтересираните клубови за услугите на Де Хеа кој беше прогласуван за најдобар играч на Јуанјтед во четири од петте последни години. Неговиот заминување во Реал Мадрид кој континуирано е заинтерсиран за купување на ѕвездата од „Олд Традорд, во 2015 година пропадна на последниот ден од трансфер перидот.

 

Се вчитува...