Ако не се доигра Ла Лига, Шпанија ќе остане без првак, а Атлетико Мадрид ќе извиси за ЛШ

Пандемијата со коронавирусот комплетно го промени живеењето во целиот свет, а во моментот спортот не може да егзистира. Шпанија е една од земјите кои се најпогодени од вирусот Covid-19 и неизвесно е дали ќе може да се докомплетира првенството во Ла Лига. Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) за првпат се произнесе и околу решението доколку шпанскиот шампионат сепак не може да продолжи. Тогаш нема да биде прогласен шампион за оваа сезона, а во ЛШ ќе се пласираат екипите кои во моментот се наоѓаат на првите четири позиции. Тоа се Барселона, Реал Мадрид, Севилја и Реал Сосиедад. Ќе извисат Хетафе, кој има ист број бодови како и Реал Сосиедад, како и Атлетико Мадрид со еден бод помалку.

„Сите се надеваме дека Ла Лига ќе продолжи и дека сезоната ќе се доигра. Ги разгледуваме опциите за старт, на 28 мај, на 6 јуни, па дури и на 28 јуни како последна опција“, изјави Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига.

Вонредната состојба во Шпанија ќе трае до 26 април и доколку не биде продолжена, тогаш на клубовите ќе им биде дозволено постепено да продолжат со тренинзи.

 

 

Се вчитува...