Фудбалската репрезентација на Македонија квалификациите за Евро 2024 ги заврши со голем бод освоен во битката против големата Англија во Скопје (1-1). Нашите репрезентативци први поведоа, но на крајот мораа да се задоволат со бод.
Сите македонски фудбалери кои влегоа во игра добија оценки над 5, а Алиоски е оценет со 6.01. Од англискиот тим над 5.00 имаат само Фоден, Кејн, Рајс, Пикфорд и Грилиш.
Дел од англиските медиуми се незадоволни од играта на младата ѕвезда на Арсенал, а се полни со пофалби зборови за нашиот бек кој го одигра еден од најдобрите мечеви во репрезентативната кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА