„Ако некогаш се одлучите да го критикувате Роналдо, погледнете го овој натпревар“

Манчестер Јунјатед се спаси од вториот пораз во Лигата на Шампионите со фантастично второ полувреме против Аталанта во кое „црвените ѓаволи“ успеаја да надокнадат негатива од 2-0 на полувремето и преку преврт да слават против италијанскиот претставник со 3-2.

Пресвртот го започнаа Рашфорд во 53. минута и Мегваер во 75. минута, а беше комплетиран со голот на Кристијано Роналдо во 81. минута од мечот. Португалецот кој беше мета на критики во англиската јавност за играта без топка овој пат ја докажа својата величина, а по натпреварот доби поддршка и од Оле Гунар Солскјер.

„Ако некој некогаш помисли да го критикува Роналдо само нека го погледне овој натпревар. Ќе видите дека постојано се труди. Тој беше насекаде. Битни се и головите на Хари и Маркус. Поготово на Хари кој инстинктивно реагираше, а од него голови и не се очекуваат“, изјави норвешкиот стратег.

Се вчитува...