Ако Реал го ангажира Мурињо, и Јунајтед ќе се опари

Португалецот Жозе Мурињо по заминувањето од Манчестер јунајтед, низ разно-разни шпекулации, постојано е поврзуван со бројни европски клубови. Но, најгласно се зборува дека Мурињо би можел повторно да се врати во Реал Мадрид затоа што Флорентино Перез панично трага по тренер кој ќе ги врати „кралевите“ на вистинскиот пат.

Англичаните, притоа, пренесуваат и интересна информација дека во случај Мурињо да го преземе Реал Мадрид тогаш финансиски одлично ќе мине и Манчестер јунајтед. Во еден таков случај, Реал на Јунајтед ќе мора да му исплати 11 милиони евра доколку го донесе Мурињо пред крајот на сезоната.

А, португалскиот стратег секако доби отштета по отказот од Јунајед која му следеше согласно договорот. Мурињо поради отказот од Манчестер јунајтед си добил 15 милиони фунти.

Се вчитува...