„Ако сакаат да ги видат Русите како бегалци во Париз тогаш ќе треба да стигнеме таму со тенкови“

Претседателот на руската боречка федерација Михаил Мамијашвили ги изгуби живците на новинарско прашање поврзано со настап на руските спортисти на Олимписките игри во Париз кои ќе се одржат во 2024 година.

Мамијашвили беше запрашан да ја прокоментира можноста Русите да се појават како екипа на белгаци кои се натпреваруваат под олимпиското знаме и за нив се интонира олимписката химна наместо химната на државата од каде доаѓаат, а тој имаше дрзок коментар кој наиде на критки во Европа.

„Немам друг коментар освен тие што го предлагаат тоа да бидат пратени на едно добропознато место. Ако сакаат да не видат на Олимписките игри 2024 како бегалци тогаш мораме да стигнеме со тенкови во Париз. Нема друго“, вели Мамијашвили.

Се вчитува...