Ако се мине Хибернијан: Шкендија со добра ждрепка за плејофот во КЛ

Шкендија имаше доста среќа на денешната ждрепка за двојките за плејоф фазата од Конференциската лига, па така македонскиот вицепрвак доколку успее да стигне до оваа рунда, ќе се сретне со подобриот од двомечот Гетеборг – Гент.

Белгискиот претставник барем на хартија ќе ја има фаворитската улога, но факт е дека тетовци можат да се надеваат на успех и изненадување, особено по ждрепката во која ги избегнаа Аталанта, Брајтон, Монако…

Сепак, приоритет за тетовските црвено-црни останува претстојниот двомеч од третата квалификациска рунда во кој за противник ќе го имаат шкотски Хибернијан, од кој првиот натпревар се игра во Шкотска веќе задутре.

Доколку стигнат до добар резултат и потоа на реваншот во Скопје се пласираат во плејофот за влез во Конференциската лига, тетовци дефинитивно нема да бидат без шанси, без разлика дали ќе се сретнат со Гетеборг или со Гент.

Се вчитува...