Акраповиќ разочаран: Имавме сто шанси, но не победивме

Бруно Акраповиќ не го криеше разочарувањето што Шкендија не успеа да слави на денешното гостување против Струга Трим Љум (1-1), меч на кој тренерот на тетовци е убеден дека негговиот тим ги заслужил трите бода.

Наместо посакуваните три, актуелниот првак освои само еден бод, па Шкендија остана на шестото место на табелата со шест бода заостанување зад водечките Шкупи и Ренова.

„Имавме сто шанси да постигнеме победнички гол, но не ги искористиме. На спротивната страна, примивме гол по грешка во одбраната, во период кога ривалот немаше шут кон нашиот гол“, изјави Акраповиќ.

Се вчитува...