Актобе и Атирау во трка за Самир Фазли

Како што стојат работите, Самир Фазли ќе остане во првенството на Казахстан, но ќе има нов клуб. Тој ќе го напушти Туран по завршувањето на сезоната во оваа земја, и ќе бира меѓу три клуба.

Актобе и Атирау во моментов се во трката за потписот на екс фудбалерот на Македонија ЃП и Шкендија, а во трката се вклучува и Аксу, но со најмали шанси за неговиот потпис. Притоа, не е исклучена варијантата во новата сезона да остане и во Туран. Се ќе зависи од тоа какви ќе бидат понудите.

Фазли го засили Туран на средина на сезоната, и одигра пет меча, постигна еден гол.

Се вчитува...