По целата сапуница летово Килијан Мбапе сепак на крајот остана во Пари Сен Жермен и се одлучи да го одработи актуелниот договор кој трае до крајот на тековната сезона.
Иако сите информации велат дека на крајот на сезоната Французинот ќе премине во Реал Мадрид како слободен фудбалер, сепак така не размислува првиот човек на „светците“.
„Килијан Мбапе е играч на ПСЖ. Ние сме многу задоволни што го имаме. Ќе го имаме и следната сезона. Тој го сака овој клуб и е фантастичен играч. Тој е најдобриот фудбалер на светот. Среќни сме“, изјави Насер Ал-Келаифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА