Ал-Келаифи откри зошто ја одбил понудата на Реал за Мбапе

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи откри поради што франуцскиот клуб ја одби големата понуда од Реал Мадрид за услугите на Килијан Мбапе.

Францускиот фудбалер сака да го облече дресот на „кралевите“, а тимот од Мадрид го гледа Мбапе како лидер на новата генерација која треба да доминира со европскиот фудбал.

Меѓутоа и понудата од 200 милиони евра не беше доволна да го доведат на „Сантијаго Бернабеу“. ПСЖ ги одби сите понуди од Мадрид, а првиот човек на клубот од Париз откри зошто го направил тоа.

„Единствено што сакаме е да го почитуваме финансискиот фер-плеј. ПСЖ и тоа како го почитува“, откри Келаифи на прашањето за Мбапе. 

Се вчитува...