Ал-Келаифи: Ваков пенал се суди само против ПСЖ

Првиот човек на Пари сен Жермен, Насер ал Келаифи, не можеше да поверува што му се случи на неговиот скап тим од „ѕвезди“ на реваншот против Манчестер Јунајтед. Сонот за искачување на тронот на европскиот фудбал овојпат беше запрен во осминафиналето, но Ал Келаифини вината за секоја неуспех на својот тим ја бара на исто мест – кај судиите.

„За мене ова не е пенал. Најлесно е ваква одлука да се донесе против ПСЖ, а многу е тешко да се свирне ваков пенал против многу други клубови. Не верувам дека вакво нешто може да се досуди во судиското продолжение“ – бесен беше Ал Келаифи.

Без оглед на доминацијата во Франција ова ќе се смета за уште една промашена сезона за „светците“ од Париз, па првиот човек на клубот побара од навивачите да имаат трпение.

„Многу сум разочаран, се уште не можам да разберам… игравме добро, имавме подарок, се беше во наши раце… и на крајот уште една прокоцкана сезона. Го разбирам чувството на разочараност кај навивачите, имавме се во свои раце, а потоа останавме без ништо. Се надевам дека навивачите ќе покажат разбирање, ќе продолжат да ни даваат поддршка, играчите дадоа се од себе, но не ја исконтролираа средбата како што треба“ – додаде Ал Келаифи.

Се вчитува...