Ал Келаифи за Нејмар: Едни доаѓаат, други ќе мора да си заминат

Претседателот на ПСЖ, Насер ал Келаифи, ги потврди најавите дека клубот е подготвен за разделба од Нејмар. Бразилецот останува најскап играч во фудбалската историја со трансферот вреден 222 милиони евра од Барселона, но Нејмар никогаш не ги оправда целосно очекувањата на управата и навивачите, пред се поради непрофесионалниот однос на теренот и надвор од него.

Јавна тајна беа неговите нарушени односи со Килијан Мбапе, а откако дојде до пресврт и Мбапе реши да остане, Бразилецот дефинитивно се наоѓа на излезна врата од „Паркот на принцовите“.

„Не сакам да говорам за вакви деликатни прашања преку медиумите, но да, точно е, некои играчи доаѓаат,а некои други ќе мора да си заминат. Сакаме фудбалери кои го сакаат овој клуб, кои се борат за неговите бои. Ги сакаме оние кои сакаат да победуваат, целта за нареднаата сезона е јасна – на секој тренинг и секој меч да се дава по 200%. Оние за кои не веруваме дека се способни за такво нешто, ќе си заминат“, истакна Ал Келаифи прашан за иднината на Нејмар во клубот.

Во ПСЖ се решени да го продадат Бразилецот, но голем проблем претставува неговата плата од 30 милиони евра по сезона. Ниту еден клуб во Европа во моментов не е подготвен на толкава отштета, па не се исклучува можноста тој да замине на позајмица од ПСЖ, опција што сериозно ја разгледува раководството на Јувентус.

Се вчитува...