Ал Келаифи збесна на прашање за судбината на Енрике: „Што е ова? Дали се разбираш ти во фудбал?“ (ВИДЕО)

Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи збесна синоќа по елиминацијата на неговиот тим од Борусија Дортмунд во полуфиналето од Лигата на шампионите, на прашање околу судбината на Луис Енрике на клупата на ПСЖ.

Ал Келаифи одговараше на новинарски прашање истакнувајќи ја благодарноста кон Енрике и фудбалерите за дадениот максимум во полуфиналето, кога доби прашање за смена на Луис Енрике кое поприлично го „исфрли од такт“.

Иако шпанскиот тренер ја освои Лига 1, ја исфрли и Барселона од четвртфиналето на ЛШ, новинарите се убедени дека треба да си замине. Но, Ал Келаифи потврди со својата реакција дека Енрике останува на клупата и во иднина.

„Дали си ти сериозен со ова прашање? Знаеш ли нешто или се разбираш ли барем малку во фудбал? Градиме долгорочен проект со најмладата екипа во Европа, иднината ќе биде светла. Одиме по истиот пат“ – порача првиот човек на ПСЖ и видно лут завршувајќи со одговорите. Но, јасно потврдувајќи дека Енрике останува на чело на тимот.

Се вчитува...