Блескава партија на Кристијано Роналдо во последниот меч од сезоната во Саудиска Арабија која му донесе ТИТУЛА на тимот на Ал Наср, прва во ерата на Португалецот.
На крајот Ал-Наср дојде до потребната победа од 4-1 против Дамак, кој му донесе шампионски трофеј на тимот од Ријад.
Мане и Коман донесоа 2-0, а потоа Дамак намали од пенал преку Сила. Но, на сцена стапи феноменалниот Кристијано Роналдо кој најпрво погоди од слободен удар, а потоа и од игра за конечни 4-1.
Победа оствари и Ал-Хилал, но сето тоа е залудно затоа што Ал Наср заврши со два бодови предност на првото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
