И Колумбијците дома – Швајцарија посреќна во „пенал-рулетот“ за четвртфинале!

Швајцарија ќе игра во четвртфиналето против бранителите на титулата Аргентина на Светското првенство 2026, откако дури по изведувањето на пеналите славеше против Колумбија во последниот осминафинален натпревар на Мундијалот.

Швајцарците беа посреќни по изведувањето на пеналите, откако претходно мечот во регуларниот дел и по продолженијата заврши без голови.

А, во пеналите Швајцарија славеше со 4-3. Варгас беше стрелец на последниот одлучувачки пенал за победничкиот тим за кои промаши Аканџи. Кај Колумбијците промашија Санчез и Хернандез.

Претходно, во текот на мечот, и двете селекции овозможија возбудувања за своите навивачи.

Европската селекција го отвори натпреварот подобро, но како што одминуваше играта, Колумбија ја презеде иницијативата, играта и поседот, и создаде неколку опасни ситуации. Сепак, и двата тима немаа „сили“ за погодок од игра.

Се вчитува...