Досега го водеше Реал Мадрид, па седна на клупата на Фулам

Шпанскиот тренер Алваро Арбелоа го презеде кормилото на англискиот тим Фулам. Премиерлигашот го официјализираше Шпанецот, кој во изминатата сезона го предводеше тимот на Реал Мадрид како замена за Чаби Алонсо, кој предвреме доби отказ. Меѓутоа второто место во Ла Лига и 1/4 финалето во ЛШ не беа доволни да остане на клупата, па „кралевите“ се решија за Жозе Мурињо.

Арбелоа ќе го замени Марко Силва, кој, пак, замина во Бенфика на местото токму на Мурињо, и со тоа е затворен „магичниот“ круг.

„Вистинска чест е за мене да ја започнам оваа нова фаза во Фулам, најстариот клуб во Лондон. Чувствувам голема одговорност и сум длабоко благодарен на г-дин Шахид Кан и г-дин Тони Кан за довербата што ми ја дадоа. Едвај чекам да ја почувствувам атмосферата во „Крејвен Котиџ“ со навивачите на Фулам и да ги започнам подготовките со играчите следната недела. Сигурен сум дека ќе уживаме во неверојатно патување заедно“, рече Арбелоа.

Се вчитува...