Ал Наср се вклучи во трката за Родриго

Ал Наср се обидува да го потпише бразилскиот крилен играч и член на Реал Мадрид, Родриго. Тимот од Саудиска Арабија веќе имал контакти со менаџерите на офанзивецот на „кралевите“. 
Овој клуб се обидува да потпише една ѕвезда, на препорака на Кристијано Роналдо, кој му соопштил на тимот да потпише играч од профилот на Бразилецот од Реал.
Сепак, според информациите блиски до фудбалерот, самиот играч изразил желба да игра во посилно првенство, односно во Премиерлигата, со оглед дека тимот на Арсенал е заинтересиран за неговите услуги, и токму овој тим ќе има предност во преговорите.

Се вчитува...