Алан Ширер: Само Хари Кејн може да го стигне мојот рекорд

Легендарниот голгетер на Блекбурн и Њукасл, Алан Ширер вели дека напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е човекот кој ќе го стигне неговиот рекорд по број на погодоци во Премиер-лигата.

„Секогаш ме прашувале дали некој некогаш ќе го стигне мојот рекорд. Низ годините во Премиер-лигата заиграле врвни голгетери, вториот фудбалер кој стигнал до 200 погодоци, Вејн Руни се уште ги тресе мрежите, но мислам годините полека го стигнуваат. Сопред мене, моментално само еден напаѓач може да го направи тоа. Хари Кејн е човекот кој ќе биде новиот рекордер во Англија, тоа е несомнено. Тој на 24 години постигна 82 гола на 122 натпревари, што e побрзо од било кој напаѓач досега. Но, најмногу ќе зависи од него да остане фит и да не се повреди, како што ми се случи мене. Три големи повреди ме спречија да забележам уште некој погодок, можеби ми скратија две ипол сезони севкупно, додека истите повреди беа причина порано да ја завршам кариерата. Искрено се надевам дека Кејн нема да  се справува со слични проблеми“, изјави Ширер.

Се вчитува...