Аларм во Баерн: Ковач без крила за Супер-купот против Борусија

Баерн Минхен вечерва ќе се сретне со Борусија Дортмунд во пресметката од германскиот супер-куп, дуел за кој тренерот Нико Ковач се соочува со сериозни проблеми. Брзоногите крилни фудбалери станаа заштитен знак на Баерн во последните десетина години, а Ковач за вечерашниот меч нема да има на располагање ниту еден играч од овој профил за дуелот со големиот ривал.

Рибери и Робен се веќе минато за Баерн и се очекуваше нивната улога да ја преземат Серж Гнабри и Кингсли Коман, но и двајцата фудбалери се повредија при настапот на „Ауди Купот“ во Минхен. Гнабри го повреди мускулот за време на полуфиналето со Фенербахче, додека Коман се здоби со удар во пределот на скочниот зглоб, па и двајцата нема да можат да помогнат вечерва.

Јасно е дека изборот за офанзивни фудбалери на Ковач ќе биде максимално лимитиран, но тоа е само причина повеќе за дополнително да се интензивираат преговорите со Манчестер Сити за Лирој Сане, германскиот репрезентативец кој дефинитивно би бил супер-засилување за баварскиот гигант.

Се вчитува...