Аларм во Лацио: Инзаги има само 12 здрави фудбалери за ЛШ

Лацио се соочува со сериозни проблеми во пресрет на утрешното гостување против Бриж, откако Симоне Инзаги на утринскиот тренинг во центарот Формело имаше на располагање само 12 здрави фудбалери.

По задолжителните вчерашни тестови владее загриженост во таборот на римскиот клуб, од каде не се јавуваат со официјално соопштение се додека не ги добијат резултатите од денешните нови тестирања. Сепак, фактот дека Инзаги имаше само 12 играчи на тренинг е доволна причина за аларм меѓу „лацијалите“.

Меѓу оние кои не беа на денешниот прв тренинг се Луис Алберто, Имобиле, Переира, Леива, Лацари, Каталди, Андерсон, Луиз Фелипе, Стракоша и Армини. Покрај нив, во тимот ги нема ниту повредените Лулиќ, Раду и Ескаланте.

Во следните неколку часа се очекуваат резултатите на најновите тестирања, по што ќе биде познато со кои фудбалери „лацијалите“ ќе патуваат на гостувањето против Бриж.

Се вчитува...