Аларм во Реал: Роналдо се повреди на „Ел класико“

Навивачите на Реал Мадрид имаат причина да бидат загрижени откако Кристијано Роналдо заработи незгодна повреда за време на дербито со Барселона, на само дваесетина дена до големото финале од Лигата на шампионите против Ливерпул.

Португалецот се повреди при постигнувањето на израмнувачкиот гол во 15. минута, по што веднаш му беше укажана лекарска помош. Тој го доигра полувремето, но очигледно болката не се намалила, па Зидан реши да не ризикува и да го повлече од игра на паузата меѓу двете полувремиња, на негово место уфрлајќи го младиот Асенсио.

По завршувањето на големото дерби би требало да се знаат и повеќе детали околу оваа повреда, но целта на „кралевите“ ќе биде јасна – Кристијано да се оспособи за настап на големото финале од Лигата на шампионите, на 26 мај во Киев.

Се вчитува...